Нови 100 милиони евра за кредитна поддршка за компаниите со каматна стапка од 5,5% планира да обезбеди Владата. Како што соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Европската инвестициска банка (ЕИБ) е веќе контактирана и има добри шанси да го одобри заемот. Средствата ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија. Ова е четврта кредитна линија која ја обезбедува Владата за поддршка на бизнисот. Министерот на бизнисмените од Куманово со кои се сретна вчера им порача поактивно да ја користат евтината кредитна линија од ЕИБ со камата од 5,5%. Засега 50 милиони од 100-те милиони евра што се на располагање се искористени од страна на малите и средните претпријатија, а идната недела уште 12 милиони евра ќе бидат искористени од 50-ина фирми.
Нови 100 милиони евра за кредитна поддршка за компаниите со каматна стапка од 5,5% планира да обезбеди Владата. Како што соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Европската инвестициска банка (ЕИБ) е веќе контактирана и има добри шанси да го одобри заемот.
- Средствата ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија. Ова е четврта кредитна линија која ја обезбедува Владата за поддршка на бизнисот - напомена Ставрески
Министерот на бизнисмените од Куманово со кои се сретна вчера им порача поактивно да ја користат евтината кредитна линија од ЕИБ со камата од 5,5%.
- Засега 50 милиони од 100-те милиони евра што се на располагање се искористени од страна на малите и средните претпријатија, а идната недела уште 12 милиони евра ќе бидат искористени од 50-ина фирми. Кумановските компании се добредојдени да се обратат во Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и да искористат дел од овие средства бидејќи нема поповолни средства на пазарот од овие со 5,5% каматна стапка што ја субвенционира Владата - истакна Ставрески.
Според податоците од МБПР, преку која се пласираат евтините кредити од ЕИБ, од јули 2012 година кога беше активирана кредитната линија, до крајот на февруари оваа година поддржани се 187 проекти, во вредност од 49,9 милиони евра.
Од досега одобрените кредити, од третата кредитна линија најголемиот дел од 40% се искористени од производствени компании, 32% од трговски компании, 11% од секторот услуги, 4% од транспортни компании и 3% од хотели. Со реализација на досегашните четири транши од оваа трета кредитна линија од ЕИБ отворени се 1.314 работни места.
Малите и средните претпријатија може да ги користат средствата од ЕИБ за обртни средства и за инвестиции, а големите компании може да аплицираат за проекти од областа на животната средина, претприемаштвото и иновации, енергетика, инфраструктура, индустрија и други услужни дејности. Со претходните две кредитни линии од 150 милиони евра беа поддржани 712 проекти на мали и на средни претпријатија што отворија 3.150 нови работни места.